Ова се мажите кои најчесто плаќаат услуги за секс

Доколку со пријателите разговарате на тема проституција и кои од мажите најчесто плаќаат за тоа веројатно си помислувате дека тоа се повозрасните, осамени мажи. Но, очигледно не е така.

Неодамнешното истражување покажало дека проституцијата не изумира и секогаш има свои нови клиенти, кои најчесто се успешни мажи на старост од 25 до 34 години.

Резултатите од истражувањето покажале дека во последните пет години, 3.5 отсто од мажите користеле услуги од проститутки додека пак секој деветти маж го направил тоа во животот барем еднаш.

Анонимното истражување опфатило 6.000 мажи од кои најмногу биле успешни луѓе од 25 до 34 години кои немаат постојана партнерка.

„Овие резултати ја демантираат предрасудата за тоа дека услуги од проститутки најчесто користат повозрасните и осамени мажи наместо младите кои генерално се наклонети кон пороци како што се алкохол и користење дрога“ - рекол авторот на спроведеното истражување, д-р Кет Мерсер.

 

Освен тоа, истражувањето покажало дека мажите кои плаќале за секс имаат двојно поголем ризик да добијат некоја полова болест.

Исто така резултатите покажале дека мажите во текот на животот во просек имаат по 32 сексуални партнерки.

 

Top