Италијанскиот голман го снимиле додека имал сексуален однос во тоалет

Матео Волтолини, голман на Реџијана “уловен“ е во еден ноќен клуб како се забавува, што не би било ништо чудно ни лошо доколку овој член на третолигашкиот италијански клуб не уживал премногу.

Волтолини е снимен додеак со својата девојка Џулиета Ферари, во тоалетот имал сексуален однос. Видеото со голема брзина се проширило на интернет, а кога и самиот голман се здогледал себеси и атрактивната девојка во акција, го пријавил случајот во полиција.

Фудбалскиот клуб привремено го суспендирал голманот, а случајот стигнал и до суд. На авторот на снимката, доколку се открие кој е, ќе му следи казна затвор долга и до шест години поради снимање и користење на експлицитни материјали без дозвола и знаење на учесниците во истите.

Реџијана моментално се наоѓа на третото место во Серија Ц, а Волтолини во тековната сезона имал само еден настап. 

 

Top