Подгответе се за „Ракија Фест“ во Скопје!

Од 29 ноември до 1-ви декември во Скопје ќе се одржи првиот „Ракија фест“. Покрај она за што му е главната намена, промоција и дегустација на квалитетни домашни сорти ракија од најпознатите производители, скопската „ракијада“ ќе биде зачинета и со богата културно-уметничка програма, на која ќе се слуша етно, староградска музика, поп, денс и сетови на скопски ДЈ-и.

Најавено е главна ѕвезда на „ракијадата“ дека ќе биде настапот на Владо Јаневски, а од поп изведувачите засега е тука уште и Симона Поповска, а списокот тука не завршува, но организаторот сака нешто да зачува и како изненадување.

Инаку Владо Јаневски, Симона Поповска, изведувачите на староградска музика, етно бендот и ДЈ-от Александар Јорданов ќе настапат на 29-ти ноември на плоштадот „Мајка Тереза“ (локација – платото пред МОБ). Програмата започнува во 18 часот, а ќе трае се до 01 часот по полноќ.

Top