Скандал во семејството на манекенките Хадид: Нивниот татко треба да ја сруши џиновската вила, а тој вели дека нема пари за тоа

Градежниот претприемач Мухамед Хадид (71) мора да ја сруши големата вила во Бел Ера бидејќи судот донел таква пресуда, но тој нема пари за да го направи тоа.

Таткото на популарните манекенки Бела (23) и Џиџи Хадид (24) останал “без еден долар“, а за да ја сруши својата вила мора да собере 5 милиони долари.

Градските тужители од Лос Анџелес побарале рушење на вилата затоа што е тврда и огромна, а судот во Санта Моника одлучил за цената.

„Мухамед не може да си го дозволи тоа“ - изјавил неговиот адвокат.

Популарниот татко мора веднаш да искешира 5 милиони долари. Првата рата би била половина милион долари, но според зборовите на неговиот адвокат тој нема ни толку пари.

„Тој едноставно нема пари“ - изјавил Брус.

 

Ариел Њуман, кој ги застапува соседите кои сакаат да се руши таа недвижнина вели дека не верува во зборовите на адвокатот на Мухамед.

„Запрепастувачки е тоа што тој ја купи повеќемилионската вила во Беверли Хилс, а доколку нема пари тоа е невозможно. Не го прифаќаме ова објаснување“ - изјавил Ариел .

Мухамед е многу успешен градежен претприемач, а “тежи“ околу 400 милиони долари.

Мухамед ширум светот има изградено луксузни хотели и огромни вили, а оваа за која сега се бори е вредна 60 милиони долари и се вика “The Crescent Palace“.

Ќерките на Мухамед не се огласија по повод оваа ситуација во која се најде нивниот татко.

Top