Водевме љубов помалку од три пати годишно: Славната актерка упати ужасни обвиненија кон таткото на својата ќерка па дури и за инцест

Холивудската актерка Хали Бери ги запрепасти сите со сериозните обвиненија на сметка на нејзиниот поранешен партнер Габриел Обри со кој заедно беа 5 години.

Хали го обвини Габриел поради злоставување, инцест и расизам. Иако од целата нивна љубовна историја поминаа речиси 10 години, некои од најшокантните детали дури сега се појавија во јавноста.

Нивната врска почнала во 2005-та година, а ја имаат и ќерката Нала. Од 2011-та година тие двајца се судат, прво и двајцата го сакале старателството над нивната ќерка, но актерката сакала да се пресели во Франција каде што живеело нејзиното момче Оливие Мартинез.

Судот ги одбил барањата на актерката, а по две недели од тоа Обри и Мартинез завршиле во болница поради повреда која еден на друг си ја нанеле во текот на некоја тепачка. Фотографиите завршија во јавноста и биле ужасни, а нив им бил забранет меѓусебен пристап.

Хали Бери го обвинила Обри за злоставување. Потоа кажала на суд дека пател од анксиозност и депресија и дека имал и ментални проблеми.

Понатаму зборувала дека одбивал да посетува психотерапевти, но напоредно ја критикувал, ѝ зборувал дека не изгледа убаво, што неа ја уништувало сето тоа.

 

Бери изјавила дека нивниот сексуален живот исчезнал по 6-месечна врска, а потоа воделе љубов помалку од три пати годишно.

Актерката потоа изјавила дека Обри имал инцестуозна врска со роднина поради што наводно има силни трауми. Го обвинила и дека е расист и дека не сакал да признае дека нивната ќерка има афроамерикански корени.

Договорот го склучиле во 2012-та година, а таа подоцна се верила со Мартинез па родила второ дете. Меѓутоа, по две години и на таа љубов ѝ дошол крајот. 

 

Top