Борис Џонсон ѝ го скршил срцето: Ги чував твоите тајни, бев твој пријател... А ме отфрли како да сум...

Американската бизнисменка Џенифер Аркјури, која се нашла во центарот на вниманието на јавноста поради односот со британскиот премиер Борис Џонсон, рекла дека Џонсон ја отфрлил како да е гремлин.

Аркјури во интервју за телевизијата ITV рекла дека Џонсон ја игнорирал кога се обидела да разговара со него за тоа како да се носи со пишувањето на медиумите дека има специјален третман поради односот со Џонсон, во време кога бил градоначалник на Лондон, но одбила да каже дали тоа пријателство било интимно, пренесува "AP". 

"Ги чував твоите тајни, бев твој пријател...И сосема сум скршена поради начинот на кој ме отфрли како да сум некој гремлин", рекла Аркјури.

Џонсон претходно рекол дека немало ништо непримерно во неговиот однос со Аркјури во времето кога бил градоначалник на британската престолнина.

Top