Скапо и луксузно: “Ѕирнете“ во пентхаусот во кој живееја Адријана Лима и Марко Јариќ

Преубавата манекенка го продаде пентхаусот во кој живееше со Марко Јариќ во времето на нивната љубов.

Адријана Лима конечно го продаде својот пентхаус кој се наоѓа во срцето на Њујорк, после пет години. Таа и Марко го купиле додека сè уште биле во брак.

Фотографиите од овој преубав дом пристигнаа во јавноста па може да видите како овој луксузен стан изгледа.

Поранешниот брачен пар го купил станот на Менхетен во 2003-та година. Пентхаусот се простира на повеќе од 200 метри квадратни, има две спални соби, два тоалети и огромна кујна.

 

 

Од дневната соба која има прозорци од подот до таванот се пружа фантастичен поглед кон Централ парк. Зградата во која се наоѓа станот има фитнес центар, салон за масажа,базен, паркинг и ексклузивен ресторан кој можат да го користат само станарите.

 

Ова е вторпат како Адријана се обидува да го продаде својот пентхаус. Прво тоа го направила во 2013-та година непосредно пред разводот со Марко.

 

Тогаш цената за овој луксузен стан била 5.5 милиони долари, но никој не сакал да даде толку пари па затоа бразилската манекенка понудила нова цена од 3.5 милиони. Пет години подоцна успеала да го продаде станот.

 
 
 

 

Top