Одлучила да ги имитира сексапилните фотографии на славните - резултатот е урнебесен

За австралиската актерка и комичарка Селест Барбер Инстаграм е непресушен извор на инспирација за нови фотографии.

Таа се прославила со ироничните и урнебесни имитации на совршените, кога-тогаш и нереални фотографии на познатите личности.

Барбер речиси секојдневно покажува како “обичните“ луѓе изгледаат во апсурдните фотографии на познатите личности.

Овојпат на мета се нашла Емили Ратајковски која неодамна објавила фотографија на која во градник и танга позира пред својот портрет.

Баш како и Емили, комичарката се облекла во долна облека и се пошегувала со тоа што манекенката позирала пред својот портрет.

“Како се пишува нарцис?“ - напишала комичарката алудирајќи на тоа дека манекенката премногу си се сака себеси.

Селест Барбер на Истаграм ја следат повеќе од шест милиони следбеници, а на мета на нејзините “критики за модерното друштво“ низ хумор и пародиски фотографии се нашле и други славни личности како Ким Кардашијан, Бела Хадид и Ријана.

Top