Судење на деценијата во Србија: Ќе му се суди на Зоран Марјановиќ за убиство на сопругата Јелена

Зоран Марјановиќ утрово пристигна во судот во Белград каде треба да започне судењето за убиството на неговата сопруга Јелена, за кој тој е обвинет. Пред судот дошол во црно одело, а како што може пишуваат српските медиуми, тој неколку минути им позирал на фоторепортерите и само молчел.

Одбегнувал да одговара на прашање од новинарите.

Тој од почеток на случајот негира дека ја убил сопругата која се занимаваше со пеење народна музика. Ако се докаже дека тој е убиецот, Марјановиќ може да добие казна затвор до 40 години.

Обвинителството го товари дека на 2 април 2016 година ја убил сопругата Јелена додека таа џогирала, а во непосредна близина била и нивната малолетна ќерка.

Зоран од 12 јуни 2018 година се брани од слобода, бидејќи тој ден судот во Белград му го укина притворот во кој помина 10 месеци. Тој беше уапсен на 15 септември 2017, година и пол по убиството.

Top