Која убавица ја вжешти атмосферата на црвениот тепих?! Сите гледале само во една

Вчера во Севиља било одржано доделувањето на МТВ видео музички награди каде што настапувале многубројни музички ѕвезди.

Дуа Липа (24) била една од главните изведувачки на овогодишното доделување, а на сцената се појавиле и Софија Рејес, Акон, Ава макс, Мебел и многу други.

Сепак, најголемо внимание привлекле фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо (34) и неговата девојка Џорџина Родригез (25).

 

Џорџина се појавила во кралско син фустан со длабоко деколте и длабок шлиц и задоволно позирала покрај својот партнер кој за оваа прилика избрал црвено одело и бела маичка.

А, помалку внимание не привлекла ниту пејачката Никол Шерцингер (41) која за оваа прилика избрала да носи црн фустан со спуштени раменици кој дополнително го нагласиле нејзиното деколте. Сето тоа го искомбинирала со сребрени чизми над колена.

 

Актерката и пејачка, Химена Барон исто така привлекла големо внимание поради провокативното издание во кое се појавила. Таа носела тексас фармерки и необичен сребрен градник кој ги прекривал само најинтимните делови од нејзините гради.

 

МТВ наградата за најдобар видео спот ја добила Тејлор Свифт (29) за песната “ME“ која ја изведува со Брендон Јуриј (32). Во категоријата хип-хоп победила Ники Минаж (36), а најдобра електронска музика според МТВ произведува Мартин Гарикс (23).

 

 

Top