Се соблекла и направила селфи кое случајно ѝ ја испратила на мајка ѝ!

43-годишната Спајсица вели дека пораката и фотографијата биле наменети за нејзиниот долгогодишен партнер Џејд Џонс (40) кој ѝ недостасувал во текот на летото додека таа била на турнеја со нејзиниот бенд.

Но, за нејзина среќа нејзината мајка само се пошегувала со тоа со оглед на тоа што тие две биле многу добри пријателки.

“Бев оддалечена од мојата втора половина неколку денови. Но, многу сум заљубена и сакам кога спијам покрај него. Заедно сме постојано па одлучив да му испратам “валкана“ порака“ - изјавила таа.

“Направив селфи фотографија од моите гради. Имав градник, но направив малку “валкано“ селфи и со “ми недостасуваш“ и “те посакувам“ ѝ ја испратив на мајка ми“.

Резултат со слика за emma bunton

Таа додала дека со мајка ѝ зборува по десет пати на ден затоа што се најдобри пријателки.

“Таа има прекрасна смисла за хумор, но јас се преплашив“ - вели Ема.

Популатната Baby Spice ја започнала својата врска со Џонс пред 21 година. Прекинувале неколку пати, но се вериле во 2011-та година. Имаат двајца синови, а пејачката неодамна признала дека заедно работеле и на некои песни.

 

Top