Старлетата во провокативен костим мами воздишки од мажите

Иако Ноќта на вештерките не е почната, многу познати личности одлучиле однапред да се маскираат и да се забавуваат.

Една од нив е и ријалити ѕвездата Кајли Џенер, за која ова бил веќе втор овогодишен костим. 

Кајли најпрво со својата најдобра пријателка Анастасија Караниколау се маскирала во Мадона, додека Анастасија била Бритни Спирс. Така пријателките се забавувале и го имитирале славниот настап на пејачките од 2003-та година, кога се бакнале, по што овој пат истото го направиле и Кајли и Анастасија.

View this post on Instagram

Britney and Madonna

A post shared by Kylie Jenner News (@kyliesnapchat) on

А потоа старлетата се маскирала во Плејбој зајачица. Кајли во септември се сликала за ова популарно еротско списание, па одлучила за Ноќта на вештерките да се маскира токму така.

Кајли во костимот Плејбој зајачица ја предизвикала очекуваната реакција од своите фанови на Инстаграм. Сите биле воодушевени како и стои костимот, поточно корсетот кој ги истакнувал нејзините добро познати облини и тенката половина.

View this post on Instagram

stas said I’m having a playboy party.. pull up ??

A post shared by Kylie ✨ (@kyliejenner) on

Со каков костим ќе не изненади старлетата и што ни подготвила за утрешната Ноќ на вештерките, останува да видиме. До тогаш секако ќе уживаме во ова повеќе од провокативно издание на Кајли.

Top