Најдобрите Halloween изданија на славните: Деми Ловато ја надмина и Хајди Клум

За тоа дека славните холивудски ѕвезди обожуваат да се маскираат за Ноќ на вештерките, не е никаква тајна, но она што секоја година успева да нè изненади е тоа што успеваат да се надминат себеси.

Маските статуваат сè по иновативни и креативни, а има сè повеќе познати кои се дел од најмрачните забави во годината.

Иако сè уште не е дојдена и самата Ноќ на вештерките, познатите даму веќе сериозно се измаскирале, а ова се најдобрите овогодишни костими.

Хајди Клум

Кралицата на Halloween која секоја година изненадува со иновативни изданија, оваа година заедно со сопругот одлучила да стане - диско топка? Двајцата на забавата пристигнале испрскани со сребрени светки, а Хајди косата ја обила во зелено.

View this post on Instagram

??

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) on

Сепак, поранешната манекенка се појавила и во секси Halloween издание, па само за својот сопруг позирала гола со вештерски шешир.

Деми Ловато

Пејачката оваа година сериозно се потрудила околу своите костими со кои ја симна од тронот и Хајди. Имено, Деми најпрво успешно ѝ се препуштила на Марија Антоанета, а потоа го отелотворила и познатиот кловн Пенивајс во малку попредизвикувачко издание.

Џесика Биел

Сопругата на Џастин Тимберлејк ги насмеала сите облекувајќи се исто како нејзиниот сопруг и тоа во издание од помладите денови кога тој бил член на бендот „N'Syn“, за кој Џесика во едно интервју изјавила дека баш и не ги слушала, а после многу години тоа “скапо го платила“.

Синди Крафорд

Синди својата титула за кралица на модните писти ја заменила со титулата за диско кралица на 70-те, што исто така одлично ѝ прилега.

View this post on Instagram

✌???? #CasamigosHalloween

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford) on

Кајли Џенер

Кајли со својата најдобра пријателка го рекреирала настапот на Мадона и Бритни Спирс од 2003-та година, со краток настап и брз бакнеж на самиот крај.

View this post on Instagram

Britney and Madonna

A post shared by Kylie Jenner News (@kyliesnapchat) on

Халси

Пејачката одлично ископирала еден од легендарните ликови, Мерлин Менсон, за кој добила само пофални зборови од фановите.

View this post on Instagram

resident goths. @marilynmanson

A post shared by halsey (@iamhalsey) on

Елизабет Хрли

Елизабет во костимот на главната хероина од филмот „Kill Bill“ докажала дека и во 6-та деценија изгледа подобро од некои свои, со децении помлади колеги.

View this post on Instagram

??????

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1) on

Top