Полицаец ја “привел“ Плејбој зајачицата и нејзините полуголи другарки, а сега ќе добие отказ

Очигледно е дека овој полицаец од Мајами сакал малку да си “поигра“ со овие дами. „Ти се допаѓаат добри или лоши девојки? Кој ќе нè приведе?“ - го прашале девојките полицаецот.

Полицаец од Мајами се нашол во непријатна ситуација па сега дури му се заканува и отказ само затоа што три полуголи девојки ги однел во полициска станица. Кога некој ќе ги види на прв поглед би можел да помисли дека на јавно место тие го нарушуваат редот и мирот, но работата е нешто малку покомплицирана.

Проблемот е тоа што девојките, предводени од плејбој зајачицата Франца Џејмс, биле навистина невини. Тие всушност снимале видео за Инстаграм стори, а полицаецот тогаш се појавил.

Тој се согласил да учествува во нивниот филм па им помогнал во нивната сценофрагија.

Џејмс и нејзините другарки во долна облека, со лисици на рацете одат кон станицата.

Полицаецот како што се гледа на видеото немал ништо против тоа. Застанал во “колоната“ и ги однел до влезот на своето работно место каде што Франца го прашала:

„Ти се допаѓаат добри или лоши девојки? Кој ќе нè приведе?“

„Нема проблем. Уживајте во заедницата која сакам да ја штитам. Ви посакувам убав ден дами“ - се обратил полицаецот.

Top