Ратајковски го покажа своето длабоко деколте и им порача на сите жени дека можат така да се облекуваат

Сексапилната манекенка Емили Ратајковски, без конкуренција е најдобриот модел за соспствената линија на костими за капење.

Своите совршени облини таа ги истакна позирајќи во новите модели од модната линија кои самата ги дизајнирала и ги нарекла „Inamorata Woman“.

Станува збор за неколку модели на костими за капење од кои еден може да се носи на повеќе начини. Таа моделите веќе ги претставила и сега се наоѓаат меѓу најпродаваните од нејзината колекција, а новост е тоа што овој модел сега може да се купи и во црна боја.

Поради новата линија на костими за капење таа добила и критики дека “нормално пополнетите“ жени такво нешто не можат да носат. Критиката ја дематирала познатата плус сајз манекенка Ешли Грехам која неодамна се појавила во модни парчиња на Емили.

Ратајковски неодамна открила дека не ѝ пречат премногу негативните коменрати затоа што таа така заработува пари.

Манекенката во последниов период активно се занимава со актерство, што не е ни чудно бидејќи таа веќе година и пол е во брак со атрактивниот актер и продуцент Себастијан Бер - МекКлард.

Top