Годините ништо не и можат: Наоми ги запали социјалните мрежи со фотографија од долна облека!

Манекенката Наоми Кембл, едно од најпознатите имиња во светот на модата, покажа дека годините ништо не ѝ можат, со фотографија која ја објави на својот Инстаграм профил.

Наоми, која во мај ќе наполни 50 години, позирала во црна долна облека, а сите забележале дека изгледа беспрекорно. Бројот на коментарите од воодушевените фанови постојано расте.

„Права пантерка, кај тебе годините немаат некоја улога“, бил еден од многубројните позитивни коментари.

Во една прилика Наоми призна дека годините ѝ биле потребни за да не биде срамежлива на разголените фотографии.

И покрај телото кое ретко која жена го има на нејзини години, Наоми признала дека имала проблем со самодовербата во оскудни изданија.

View this post on Instagram

Weekend in #mycalvins ? @calvinklein

A post shared by Naomi Campbell (@naomi) on

Исто така во својата манекенска кариера наишла на многу препреки. Неодамна проговори за расизмот кој го искусила кога азијска фирма одбила деловен ангажман со неа, поради бојата на кожата.

„Ме шокираат такви работи, но секогаш продолжувам понатаму“, рекла манекенката.

Top