Македонската старлета шокира: Јас не сум родена за во кујна и да пијам ракија со маж ми!

Македонската старлета, Драгана Спасовска, на јавноста ѝ стана позната после интервјуто на „Бекстејџ“, во кое зборуваше за нејзиниот живот во Дубаи.

Драгана повторно стана интересна за македонската јавност откако Слаткар обелодени која е девојката која ја има главната улога во неговиот нов спот.

Во таа насока, Бекстејџ повторно направиле интервју со неа, но овој пат и со Слаткар, а главното прашање на новинарката било „дали е вистина дека се запрепастил од нејзиното деколте на снимањето“.

Слаткар и Драгана ги демантирале овие медиумски наслови и трачеви, а Драгана истакнала дека Слаткар ѝ зборувал за хармонијата во бракот која ја има со Сања, а на крајот таа додава и дека Сања е убава девојка и дека нема потреба од љубомора.

Она што исто така може да се издвои од ова интервју, е тоа дека Драгана барем засега не планира да стапи во брак, иако е среќно заљубена, истакнувајќи дека „не е родена за да сечка салата и пие ракија со сопругот“.

Сепак, и покрај тоа што нема во план наскоро да стапне на лудиот камен, сепак има совет до сите кои планираат наскоро да го сторат тоа, или пак кои неодамна стапиле во брак, а тоа е да внимаваат на својот изглед повеќе од претходно.

Спасовска исто така ги следи светските трендови и ријалити шоуа, па така со јавноста сподели и дека мајката на Ким Кардашијан, Крис Џенер е нејзиниот идол. 

Top