Скокнала во кафезот на лавот: Сите ја осудуваат, но реакцијата на животното е вистинско изненадување

Видеото објавено на Инстаграм во текот на викендот прикажува жена во одделот со лавови во зоолошката градина во Бронкс.

На снимката се гледа како жената прво му мавта на животното додека зачудениот лав набљудува. Потоа, додека лавот стоел, гледајќи во неа, таа танцувала наизглед безгрижно, на само неколку метри подалеку од дополнителната заштита за посетителите. 

Видеото во саботата го снимил друг посетител на зоолошката градина. "Тоа беше жена која сметаше дека е добра идеја да танцуваме со лавовите и се прашува, што по ѓаволите си мислеше", рекла Андреа Арндт.

Нејзините деца сакаат лавови, па ги довела пред кафезот, цело време прашувајќи се зошто жената направила нешто такво. Арндт рекла дека нејзината почетна реакција била дека жената е глупава. Зошто би скокнале во кафез со диво животно, се прашува таа.

Софија Скјамета рекла: "Мислам дека е малку смешно што некој би го направил тоа, бидејќи би можел да умре".

Постои мала водена препрека која ги раздвојува лавовите од тревното подрачје пред оградата, што им овозможува на посетителите подобро да ги набљудуваат. 

Зоолошката градина објавила соопштение во кое било кажано: "Постојат бариери и правила кои ја осигуруваат безбедноста на посетителите, и персонал и животните. Имаме политика на нулта толеранција во врска со кршењето на забраната".

Жената од снимката била изведена од паркот, а изложбата за лавовите останува отворена. Полицијата вели дека таа можеби ќе се соочи со кривична пријава.

Top