Аукција на луксузни автомобили запленети од претседателски син: Вредноста на автомобилите е18 милиони евра

Ретко на некоја аукција да се најде колекција на суперавтомобили кои се ретко возени и во одлична состојба.

Швајцарскиот суд наложил распродажба на 25 такви возила, кои се запленети од синот на претседателот на Eкваторска Гвинеја, Теодоро Обијанг Нгуема. 

На аукцијата се нашле 7 Ферари модели, 3 Ламборџини, 5 Бентли, еден Масерати модел и еден Мекларен. Највредниот примерок е модел на Ламборџини кој се проценува на повеќе од 5 милиони евра, а по него на листата е хибридниот автомобил на Ферари чија цена би можела да достигне до 2 и пол милиони евра.

 

Вкупната вредност која се очекува да се достигне на аукцијата во еден голф клуб е околу 18 милиони евра, со тоа што на неа нема да има т.н. “резервирани цени” под кои автомобилите нема да се продаваат. Тие ќе се продадат за онолку колку што ќе понудат купувачите.

 

Пред 3 години, судот во Швајцарија покренал постапка против синот на Нгуема кој е на функција на потпретседател и веројатен наследник на својот татко веќе 40 години во оваа држава во западна Африка. Тој е познат по својот екстравагантен живот, купување на скапоцени недвижнини и автомобили по светот и трошење на државните пари на приватни сметки во странство.

Повеќе земји, како што се Франција и Бразил, покренале постапки против него поради сомнително финансиско работење. Екваторска Гвинеја е богата со нафта, има околу 1,2 милиони жители и е високо на листата на најкорумпирани држави на светот.

 
 
 
 

 

Top