„Сексот со Џорџина е подобар од било кој гол“ - Кристијано Роналдо отворено за сексуалниот однос со неговата девојка

Пред неколку денови Кристијано Роналдо давал големо интервју за познатиот новинар Пирс Морган. И додека полека, но сигурно излегуваат деловите од неговото интервју во јавноста, еден дел од нив е посебно интересен, а се однесува на девојката на Роналдо- Џорџина.

Кога Морган го прашал Кристијано за голот кој го постигнал против својата сегашна екипа, со техника ножици во Торино и кога навивачите на Јувентус го наградија со огромен аплауз, напаѓачот истакнал дека тоа бил посебен момент во неговата кариера.

„Се обидував тој гол да го дадам во текот на целата моја кариера. За мене тоа е еден од најдобрите голови во историјата на фудбалот. Не затоа што јас го дадов туку тоа би го кажал и доколку некој друг го направеше тоа. Мислам дека со техникта ножици досега никој не постигнал таков гол. Беше тоа посебен момент бидејќи од противничката екипа ми аплаудираа“ - се сетил Роналдо.

Морган потоа го прашал дали тоа чувство било подобро од секс.

„Од секс? Не. Барем не со мојата Џорџина“ - одговорил Роналдо.

 

Top