Не постојат посексапилни костими за капење од овие. Но дали би платиле волку за цела плажа да гледа во вас?

Ви ги претставуваме провокативните костими за капење кои само храбрите дами би ги облекле. Една од омилените австралиски дизајнерки на костими за капење, Карен Харли, не престанува да го изненадува светот со своите провокативни модели.

Провокативниот „Slash set“ на костими за капење на креаторката Карен Харли е причината поради која оваа дама привлекува големо внимание во светската јавност.

Дводелниот костим за капење се состои од гаќички и топ кои однапред изгледаат како сите други модели на костими за капење, но кога ќе се завртите, позадината ја прават необични ленти.

Верувале или не, костимите за капење по кои тренсетерките ширум светот полудеа чинат 7.000 денари.

Карен вели дека костимите за капење се наменети за дами од 20 до 30 години кои се самоуверени и знаат што сакаат.

Нема сомнеж дека ваквиот дизајн ги поместува границите.

 

Top