Принцот Хари одговори на критиките зошто лета со приватен авион

Принцот Хари отпатува во Амстердам, каде ја претстави „Travalyst“, новата иницијатива за одржливи патувања, а попатно ја искористил приликата и објаснил зошто тој и неговата сопруга во 11 дена дури 4 пати користеле приватен наместо комерцијален лет.

Имено, британските медиуми и јавноста го нападнаа принцот Хари и неговата сопруга Меган и ги нарекле лицемерни поради патувањата со приватен авион, кои освен што се поскапи, ја загадуваат околината и климата за чие сочувување тие силно се залагаат.

„Стигнав денеска овде со комерцијален лет. Во 99 отсто од случаевите патувам со комерцијални авиони. Повремено приликите се такви што морам да се погрижам за сигурноста на моето семејство, па затоа патував со приватен лет. Навистина е толку едноставно“, рекол Хари, одговарајќи на парашањето на новинарите.

Да потсетиме, на средината на август се обелодени дека војводата и војвотката од Сасекс со синот Арчи, со приватен авион отишле на летување во близина. Потоа со приватен лет заминале и во Ница, каде ги повикал Елтон Џон, кој подоцна објаснил дека всушност им го дал својот приватен авион на користење, за да добијат „повисоко ново на неопходна и потребна сигурност“.

Top