Сватовите се згрозиле: Му шепнала на младоженецот што правела пред венчавката во тоалет, а микрофонот бил вклучен

Во непријатна ситуација се нашла една невеста од Северна Каролина која пред олтарот на младоженецот одлучила да му го раскаже искуството со одењето во тоалет пред венчавката.

Додека “гулапчињата“ нежно шепкале пред олтарот, невестата не забележала дека сите гости слушаат што тие двајца разговараат. Младоженецот ѝ кажал дека изгледа преубаво, а таа му одговорила дека штотуку извршила физиолошка потреба.

Урнебесната снимка на Твитер ја споделил младоженецот Лук Логан откако америнаскиот комичар Џими Фалон повикал да се споделуваат смешни и интересни приказни од венчавки.

„Поедноставно е да видите сами“ - напишал Лук покрај снимката која настанала во 2012-та година на неговата венчавка.

Откако му рекла дека се олеснила во тоалет пред да дојде до олтарот, младоженецот низ насмевка ја прашал: „Што ти е тебе?“.

Потоа ѝ открил дека го носи микрофонот.

„Зошто го носиш микрофонот?“ - неколку пати прашала невестата, а тој ѝ одговорил: „За да можам да ги снимам моментите како што е овој“.

Иако тоа не бил момент кој невестата сакала да го памети засекогаш сепак тој сега станал вистински хит на интернет.

„Се оженив со феноменална жена“ - заклучил Лук.

Top