Адријана Лима позирала целосно гола на креветот, а причината е...

Адријана Лима одлучила финансиски да помогне во обновата на шумите во Амазонија. Во Амазонија веќе подолго време има пожари кои се закануваат да ја уништат тамошната шума која претставува “бели дробови“ на Земјата.

За да се соберат пари да се санира штетата, на продажба се најде книгата „Angels Limited Edition“ во која се наоѓаат голи уметнички фотографии на Адријана Лима.

Целата заработка од продажбата ќе биде дадена на организацијата Ealliance.org/amazonfund.

Адријана токму овие разголени фотографии ги објавила на својот Инстаграм профил, а освен тоа нагласила дека и самата таа ќе уплати пари за Амазонија, независно од продажбата на овие книги.

Леонардо ди Каприо и неговата организација „Алијанска за Земјата“ ќе донира 5 милиони долари за обнова на амазонските шуми.

Ди Каприо беше тој кој на светот им откри дека Амазон гори, така што на својот Инстаграм профил објави една фотографија. Во описот пишувало дека пожарите горат веќе 16 дена и дека медиумите апсолутно не пишуваат ништо од тоа.

Објавата на Леонардо ги променила работите во светот.

По неговите чекори тргнале и многу други познати личности и светот потоа не го игнорирал фактот дека во Амазонија има пожари.

Неколку дена откако ди Каприо објавил дека Амазонија гори се огласиле и светските познати личности. Францускиот претседател Емануел Макрон оваа ситуација ја прогласил како меѓународна криза, а на самитот Г7 во Франција пожарите биле главна тема.

Top