Во креветот на Кендимен има премногу девојки, а на неговата сопруга ѝ се допаѓа тоа!

Австралијанецот Траверс Бејнон низ текот на годините станал познат како Кендимен, но станал и урнек за мажите кои сонуваат да живеат како него.

Покрај тоа што е поранешен играч во американски фудбал и модел, овој заводник е директор на компанијата „Фричојс Тобако“ и ултимативен австралиски плејбој.

Го нарекуваат и Хју Хефнер од Австралија.

Бејнон се прославил преку организирање на “диви забави“, дружење со преубави жени и својата љубов кон скапите работи. Вистински пример за неговиот луксузен вкус е и приватниот, огромен возен парк.

Иако би можел да има сè што ќе посака, Бејнон како највредна работа која ја поседува ја истакнува својата Кендимен вила со огромен базен на кој се оддржуваат забавите со мноштво жени.

А сето тоа тој редовно го засведочува на социјалните мрежи.

Во брак е со Тиша Бејнон, но покрај тоа, тој во јавноста постојано се појавува со своите девојки.

„За викенд и повеќе од 30 девојки доаѓаат кај нас, а на мојата жена тоа ѝ се допаѓа. Апсолутно е вклучена во сè што се случува“ - изјавил тој.

Тиша и Траверс се заедно од 2009-та година и имаат две деца.

„Тоа само некако се случи. Јас му искоментирав дека некои од неговите девојки се привлечни и така почнавме сè почесто да зборуваме за тоа, одлучивме да пробаме како ќе изгледа сето тоа. Ни беше супер и ни се допадна тоа“ - раскажала неговата сопруга.

„Со нашата врска беше сè супер, а сето ова само дополнително ги “зачини“ работите. Имавме добра врска и добар секс, а со ова сето тоа го ставивме на повисоко ниво“ - додала таа.

За нивните односи прозборела и Ниша која на самиот почеток знаела во што се впушта.

„Тиша и јас веднаш се согласивме веќе со првиот викенд поминат заедно. Ни беше навистина пријатно. Ние тројца веднаш се прилагодивме едни на други“ - вели таа.

„Ние тројца секогаш сме заедно. Цело време. Тоа ни се допаѓа. И никогаш не е сè исто. Пред некој ден имаше 10 до 12 девојки. Имавме забава па наскоро сите се “преселивме“ во спалната соба“ - раскажала сопругата на Траверс.

На прашањето дали понекогаш има гужва таа одговорила: „Понекогаш има доколку кај нас има премногу девојки. Но, сето тоа е во ред, понекогаш сакаме да бидеме малку “диви““.

Од друга стана пак ќерката на Кендимен, Лусијана Бејнон тврди дека пораснала во “нормално семејство“.

„Повеќе ништо не ме изненадува. Мојот татко е многу отворен за тоа што го прави, а јас го сакам и го прифаќам таков каков што е“ - рекла 17-годишната манекенка за некое интервју.

Top