Што се случува со неа? Актерката се шета низ улиците по долна облека, не може да го преболи неверството и раскинувањето!

Иако имаше гласини за нивната венчавка, актерката Кејти Холмс раскина со 11 години постариот колега Џејми Фокс, само неколку недели откако заедно се појавија на црвениот тепих на настанот на Мет Гала.

Папараците успеале да ја “фатат“ само неколку недели после раскинувањето, а според нејзиниот изглед, од недамнешниот љубовен крах тешко се опоравува.

 

Кејти е видена во Њујорк кога тргнала на кафе, а на себе имала фармерки и џемпер кој ѝ се лизгал по рамената, па сите кои биле во нејзина близина можеле да видат каква долна облека носи. Сивиот градник најмногу ги израдувал папараците.

Сепак, тоа не ја возбудило премногу актерката, па продолжила опуштено да се шета низ улицата.

 

Од друга страна фановите се загрижени за нејзината состојба, бидејќи сметаат дека раскинувањето целосно ја скршило и дека токму поради тоа паднала во депресија.

Да потсетиме, Кејти Холмс и Џејми Фокс неодамна раскинаа поради неверството на популарниот актер. Неодамна медиумите беа преплавени со фотографии оф Фокс и Села Вејв, пејачка во подем на која тој ѝ помага во кариерата, а се сомневаат дека токму таа е причината за крахот во врската на познатиот пар.

 
Top