Имаат милиони долари, а на своите деца нема да им остават ништо

"Парите никогаш не ме возбудувале. Тоа не е мојата ултимативна цел и тоа се одразува и на воспитувањето на моите деца", вели Гордон Ремзи.

Многу ѕвезди од Холивуд своите родени деца ги имаат лишено од наследствата - од хуманитарни причини, а некои затоа што мислат дека толку пари ќе им помогнат само "да скршнат од вистинскиот пат". 

Џеки Чен, кинески актер и мајстор по боречки вештини, чие богатство се проценува на 140 милиони долари, сите пари ќе ги остави во хуманитарни организации, а не на својот син, бидејќи тој е способен сам да заработува за својот живот.

 

Самон Кауел е англиска телевизиска ѕвезда, и тој не верува во обичаите за наследување на богатство. Своето богатство ќе го остави во хуманитарни организации, а лично ги преферира оние кои се занимаваат со деца и кучиња.

"Вашето наследство мора да биде такво што на луѓето ќе им дава многу можности, ако им го дадете своето време и нешто ги научите, тоа ќе биде најдоброто наследство", изјавил Кауел.

Сајмон Кауел, според информациите од мај 2019-та, е "тежок 550 милиони долари".

 

Елтон Џон, англиски пејач, за својот сегашен партнер Дејвид Фурниш ќе донира 53 милијарди фунти на хуманитарна организација, бидејќи сакаат на своите синови да им всадат почит кон парите и работата.

Гордон Ремзи, британски готвач и телевизиска личност, кој е тежок околу 160 милиони долари, вели дека неговите деца нема да ги добијат тие пари на располагање бидејќи тие може само да ги "уништат".

"Парите никогаш не ме возбудувале. Тоа не е мојата ултимативна цел и тоа се одразува и на воспитувањето на моите деца", вели Гордон Ремзи.

 
Top