Светските убавици ги покажаа своите жешки тела

Адријана Лима, Џенифер Лопез, Мајли Сајрус и уште неколку убавици одбрале провокативни костими за капење за жешките летни денови и уште еднаш докажале зошто се сметаат за најзгодни жени на светот.

Многу актерки, манекенки и пејачки одмарале на луксузните патувања, но и покажале со што располагаат. 

Адријана Лима точно знае како да ја разбуди машката фантазија. Познатата манекенка позирала во црн едноделен костим за капење, а она што на сите им го привлекло вниманието е нејзиниот заводлив поглед и длабокото деколте.

 

Џеј Ло помеѓу паузите од настапите успеала да го покаже своето извајано тело во едноделен бордо костим. Таа неодамна летувала на Медитеранот од каде објавувала провокативни фотографии.

 

Медиумите пишуваат за разводот на Мајли Сајрус и Лијам Хемсворт, но очигледно пејачката не се грижи за ваквите информации. Таа објавила видео на кое провокативно танцува во бело танга бикини...

 

А потоа ги почестила фановите и со фотографија во црн костим за капење.

 

54-годишната Елизабет Харли сè уште изгледа заводливо. Таа неодамна објавила фотографија на која позира топлес во базен, а бујното деколте го прекрила со раката.

 

Рамниот стомак, витките нозе и бујните гради на Харли никого не оставаат рамнодушен.

 

Синди Крафорд има 53 години, но и понатаму важи за една од најубавите жени на светот. Згодната манекенка го покажала совршеното тело во црвено бикини, а обожавателите не престануваат да ја опсипуваат со пофалби на социјалните мрежи.

 
Top