Манекенката на 53 години го покажа своето совршено секси тело

Ако некој може да ѝ парира на Елизабет Харли и нејзините фотографии во бикини, тоа е дефинитивно Синди Крафорд.

Поранешниот супермодел изгледа совршено и покрај годините бидејќи времето работи во нејзина корист. Во новата објава на Инстаграм, Синди ја покажала совршената фигура, а никој не може да го тргне погледот од нејзиниот рамен стомак и долгите, витки нозе. 

Иако има 53 години, Крафорд со својот изглед може да ги засрами и двојно помладите колешки. Под фотографијата не престанале да се редат пофалбите, а позитивни критики Синди добила и од Рита Вилсон, Хелена Кристенсен и многу други.

View this post on Instagram

A little bit of lake light ✨??

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford) on

Но, како ѝ успева да изгледа волку добро на 53 години? Манекенката неодамна открила дека вежба секое утро во 7 и тоа 20 минути кардио вежби, 10 минути на трамболина и 10 минути трчање по скали. Признала и дека не сака да вежба, но го обожува чувството кое го има по тренингот. Иако претпочита кардио вежби, таа открила и дека не избегнува вежби за сила.

“Се трудам најмалку три пати неделно да правам 20-минутни кардио вежби. Потоа вежбам од 30 минути до еден час и тоа класични вежби како клекнувања, кревање тегови, исчекор и вежби за бицепс. Еднаш неделно одам на планинарење со пријателите или вежбам со другарките”, изјавила Крафорд.

Таа обожува да пие зелен чај и смути од зеленчук со протеини, пишува “Womanshealthmag”. За смути користи бадемово млеко, парчиња банана, една шолја спанаќ, малку нане, какао во прав, зелен прав и протеини во прав.

Покрај здравата и диетална исхрана, Синди не може да му одолее на сладоледот. Обожува милкшејкови, но никогаш не јаде помфрит.

Top