Хајди Клум се омажи, па голите гради ги сончала покрај братот на нејзиниот нов сопруг

Кога Хајди Клум ужива, тогаш многу често се радуваат нејзините фанови, бидејќи славната манекенка е љубител на "слободни гради" и често може да се види без горниот дел од бикинито. 

Така било и сега, на медениот месец на кој ужива со сопругот Том Каулиц, музичар од бендот Токио Хотел.

 

Тие со пријателите пред неколку дена допатувале на италијанскиот остров Капри, каде го изговориле судбоносното да, па таму и останале да уживаат.

Хајди ги сончала голите град веднаш до Бил Каулиц, брат на нејзиниот нов сопруг. Том и Бил се близнаци, а Том од својот брат е постар само 10 минути.

 

Потоа дошол Том, а Хајди со маица ги покрила градите и разменувала нежности со него.

Хајди и Том, пред венчавката биле во врска две години. Инаку, пред официјалната церемонија одржана пред неколку дена, парот тајно се венчал во февруари оваа година.

За музичарот ова е прв брак, а за топ моделот трети.

 

 

Top