Дуа Липа се покри со албанско знаме и заигра “Шота“

„Некоја вечер мора да станеш и да им покажеш на луѓето колкава Албанка си“ - напишала пејачката Дуа Липа на својот Инстаграм профил.

Британската пејачка со албанско потекло, Дуа Липа, била една од ѕвездите на „Sunny Hill“, фестивал во Приштина.

Таа не ја криела својата среќа што е таму, а со серија потези ја придобила тамошната публика.

Дуа Липа најпрво го покажала двоглавиот орел, што ја симболизира Голема Албанија, а со тоа ги воодушевила своите фанови во Приштина.

Потоа, таа го земала албанското знаме и ја заиграла албанската “Шота“, танц кој е препознатлив помеѓу косовските Албанци.

Погледнете ја снимката: 

Top