Објавена снимка од реакцијата на Џенифер Лопез кога го здогледала роденденскиот подарок

Џенифер Лопез, како што кажавме на денот кога ѝ беше роденден, од својата посилна половина Алекс Родригез добила “скапоцено порше“.

Пејачката и актерка Џенифер Лопез (50) пред неколку денови го прослави својот 50-ти роденден, а можеби најдрагиот подарок го добила од својот вереник Алекс Родригез (44). Поранешниот бејзбол играч на Џеј Ло за љубилејниот роденден ѝ поклонил скапоцено “порше карера“ со црвена боја.

 

Алекс ја повикал Џенифер во дневната соба, а потоа ѝ ставил превез на очите. Инаку претходно во видеото открива дека Џенифер не возела кола полни 25 години.

„Што правиш!?“ - го прашала Џенифер.

Родригез потоа ја однел Џенифер во дворот, а пејачката токму тогаш се збунила.

 

„Што се случува?“ - прашала Џеј Ло.

Во меѓувреме, подарокот, односно поршето ја чекало во дворот. Кога Алекс ѝ го тргнал превезот од очите на Џенифер, таа за малку не почнала да плаче и да вреска од среќа.

 

„Боже, прекрасно!“ - рекла Џенифер.

Top