Проѕирното бикини не е за оние со слабо срце

Необичното бикини на австралискиот фитнес модел наиде на поделени реакции откако Инстаграм ѕвездата која ја следат повеќе од 9,6 милиони луѓе споделила фотографија со своите фанови.

Тами Хемброу ги шокирала своите фанови на фотографијата каде позирала во “голо бикини” кое на прв поглед изгледа како да му недостасува некое парче.  

“Која е поентата на ова бикини?”, “Ова не е ни костим за капење”, “Зошто воопшто носиш нешто?”, коментирале нејзините следбеници. Други биле поостри и го нарекле бикинито “вулгарно и евтино”.

Секако, дизајнот бил одобрен од страна на некои кои велеле дека не разбираат зошто луѓето ја навредуваат и дека Тами е “секси мајкa”.

Во описот на бикинито кое се продава на страницата на британската продавница “Oh Polly” пишува дека “ова парче не е за оние со слабо срце”.

Top