Се обидел да го претекне со Ферари и добро се посрамотил

Данокот од неискуството во болидите од 500 и повеќе коњски сили често ги плаќаат и останатите учесници во сообраќајот, но во овој случај сепак била избегната поголема несреќа. Како што обично се случува, кога ќе се поклопат околностите како мократа подлога, “ѕверот” од автомобил и неискусниот возач, несреќата е загарантирана. 

Токму тоа и се случило кога еден возач на Ферари 458 во брзање тргнал во менување на лентата за да го помине бавниот учесник во сообраќајот, кој во моментот претходно го “заобиколил”. Меѓутоа, зголемената брзина и лизгавата подлога резултирале со губење на контрола над автомобилот, кој момент подоцна завршил во заштитната ограда.

Top