Необично натпреварување во Русија: Секси фитнес модели си маваат шлаканици по задниците!

Русија на светот му претставила нов интересен спорт. Откако го осмислиле предизвикот со шлаканици во кој мажите наизменично се удираат додека еден не се онесвести, сето тоа со огромни количини на алкохол, сега претставиле и спорт во кој фитнес модели се удираат по задниците.

Во текот на Купот Јашанкин во бодибилдинг во Москва, организаторите претставиле и натпревар во шлаканици за жени кои за разлика од мажите кои се удираат по лице, се удираат по задниците. 

И додека целта на мажите им е да го онесвестат противникот или да го натераат да се предаде, кај жените тоа е многу "похумано". Целта е со шлаканица по задникот противничката да се исфрли од рамнотежа. Прва кралица на овој спорт е познатата фитнес блогерка Анастасија Золтаја, која на Инстаграм ја следат 500.000 луѓе.

Не е познато каква награда добива шампионката, но во машка конкуренција победникот дома носи околу 470 долари, па е повеќе од јасно дека тука станува збор за престиж.

 

Top