Хакери ѝ се заканувале на актерката со топлес фотографии, а таа сама ги објави: “Еве ви ги моите гради” (+18)

Бела Торн ги надмудрила хакерите откако ги објавила своите голи фотографии за кои наводно ѝ се заканувале дека ќе ги објават.

“Е*ете се и вие и моќта која мислите дека ја имате над мене”, напишала 21-годишната актерка на Твитер, објавувајќи ги и пораките од хакерите и неколку топлес фотографии. 

“Ќе пишувам за ова во својата следна книга”, додала таа.

“Во последните 24 часа ми се закануваа со сопствените голи фотографии и се чувствувам одвратно, се чувствувам набљудувано, како некој да зел нешто од мене за кое сум сакала само една посебна личност да го види”, објаснила поранешната Дизни ѕвезда.

“Предолго допуштав мажите да ме искористуваат и е*ено ми е доста од тоа ... можете да спиете вечерва, знаејќи дека ја вратив својата моќ. Не можете да го контролирате мојот живот и никогаш нема. Со други зборови, еве ви ги моите гради”.

Торн не ги идентификувала хакерите во објавата.

Драмата во животот на проблематичната актерка не застанува тука – Бела е во конфликт со нејзиното поранешно момче Мод Сун кое го обвинила дека го задржал нејзиниот компјутер на кој пишувала сценарио и пасошот поради кој пропуштила “прилика за голем проект”.

Таа изјавила дека раперот не сака да ѝ ги врати работите, но тој ги демантирал ваквите обвиненија, изјавувајќи за “TMZ” дека актерката ги собрала своите работи вечерта кога била обвинета за провалување во неговиот дом. Исто така додал и дека Бела го контактирала за пасошот само два часа пред да мора да замине за Париз.

Парот раскина во април по повеќе од една година врска.

Top