Најзгодната инженерка на светот сфатила дека тоа не е за неа, сега работи нешто што отсекогаш посакувала

31-годишната Италијанка Алексис Мучи е веројатно најубавата и најзгодната дипломирана инженерка во вселенската индустрија на светот. Започнала да се занимава со својата струка, но од почетокот сфатила дека тоа не е за неа и дека може да профитира во друга професија, па затоа сега работи како модел.

Физичкиот изглед отсекогаш ја разликувал од стереотипите кои постојат за еден просечен инженер – постар и посериозен маж со очила. 

Алексис во 2013 година сфатила дека таа професија не е за неа, па се обидела да успее во нешто друго. Таа се преселила во Австралија каде работела три години како бармен во Сиднеј, а потоа и како менаџер на ресторан.

Резултат со слика за alexis mucci

Слободното време го користела за учество на секции и посетување на семинари за фотомодели.

По три години во странство, убавицата и несудена инженерка се вратила на Апенинскиот полуостров, со веќе добро остварени контакти за потенцијален успех во работата како фотомодел.

Денес, таа ужива огромна популарност на Инстаграм, каде благодарение на згодното тело и разголените фотографии има повеќе од 1,2 милиони следбеници.

Алексис не крие дека живеењето во Австралија го искористила и за посета на пластичен хирург, а еден од нејзините адути се и нереално сино-зелените очи со кои вели дека се гордее.

Резултат со слика за alexis mucci

Иако припадниците на машкиот пол лудуваат по нејзиниот изглед, постојат и такви кои велат дека претерала со силиконите и тетоважите и дека на агресивен начин ја покажува својата сексуалност и фигура.

Поврзана слика

Top