Ѕвездите на „Беверли Хилс“ позираат во бикини

Тори Спелинг објавила фотографија со Џени Гарт и Габриел Картерис на која позираат во бикини.

Додека трае снимањето на новото продолжение на една од најпопуларните серии на сите времиња „Beverly Hills 90210“, главните актерки на нивните обожаватели на социјалните мрежи им покажале како го поминуваат времено во паузите.

Тори Спелинг на својот профил на Инстаграм споделила фотографија на која позира со Џени Гарт и Габриел Картерис облечени во бикини, опуштајќи се со чаша вино на терасата.

„Неделна семејна вечер“ - напишала Тори на фотографијата.

Неколку дена претходно објавил фотографија во ист состав, а обожавателите забележале дека во нивно друштво не е Шенен Доерт која исто така глуми во оваа серија.

„Каде е Шенон Доерти?“ - многумина ги прашувале во коментарите, а Тери им одговорила дека таа сè уште не пристигнала во Ванкувер каде што се случува снимањето и дека тие едвај чекаат таа да им се придружи затоа што им недостасува.

Top