Го добивме првиот хип хоп милијардер во историјата

Спoред најновите статистики на магазинот Форбс, Џеј Зи е првиот хип хоп уметник во историјата на овој жанр кој стана милијардер.

Текстот на Форбс започнува со потсетување на состанокот помеѓу музичарот и милијардерот Ворен Бафет во 2010 година, а 88-годишниот Бафет бил воодушевен од перспективниот Џеј Зи. 

“За млада личност која расте, Џеј Зи е момче од кое треба да се учи. Му предвидувам одлична кариера и голем успех”, рекол овој деловен магнат.

 

За нешто помалку од десет години, Форбс повторно во центар на своето истражување го поставил деловното царство на Шон Картер, попознат како Џеј Зи, кое го опфаќа неговото музичко творештво, стриминг услугите, недвижнините и уделите во други компании.

Најновата статистика покажува дека неговото богатство моментално изнесува нешто повеќе од милијарда долари со што сопругот на Бијонсе соборил уште еден во низата деловни рекорди, пренесува “Variety”.

Оваа статистика не оди во прилог на тврдењата на Др. Дре кој се прогласи себеси за прв милијардер во хип хоп светот уште во 2014 година, во време кога имаше договор со “Apple Beats Electronics”. Меѓутоа, во тоа време Форбс процени дека неговата вредност изнесува 800 милиони долари.

Top