Карди Би објави нова фотографија на Инстаграм на која што е гола и на сите хејтери им испрати важна порака

Познатата пејачка има чудна навика да ја шокира јавноста со своите фотографии и изјави. Пејачката Карди Би била “мета“ на напади од негативни коментари откако откажала неколку настапи за да закрепне од пластичните операции.

Таа го кажала своето мислење за коментарите кои ѝ биле упатени и на сите им дала до знаење дека воопшто не ѝ е важно мислењето на другите за нејзиното тело.

Карди објавила видео снимка на својот Инстаграм профил и ја споделила на Јутјуб.

„Луѓе, слободно кажете ми дека сум мрзелива и дека треба да вежбам. Јас со моето тело правам сè што ќе посакам. Јас немам време во текот на денот како што вие имате. Мојата работа бара да бидам достапна 24/7. Затоа јас немам време да вежбам и постојат некои работи за кои и колку и да вежбам знам дека нема да се поправат“ - изјавила Карди Би.

„На пример моите гради. Колку и да вежбам тие нема да се подигнат сами од себе. Затоа морав да одам на проклета операција“ - додала пејачката.

View this post on Instagram

PRESS DROPS AT MIDNIGHT!

A post shared by MOSTHATEDCARDI (@iamcardib) on

Докторот ѝ кажал дека мора да направи пауза и да се одмори од операцијата на градите која ја направила затоа што внатрешните шевови од зголемувањето на градите сè уште не заздравиле.

„Докторот ми кажа дека не смеам да имам многу настапи затоа што не сум целосно закрепната. Морам да закрепнам“ - изјавила Карди.

На фановите им кажала дека ѝ е жал заради откажувањето на нејзините настапи и дека здравјето навистина е нешто најважно и мора да се бори за тоа.

„Мразам да ги откажувам моите настапи затоа што јас сакам пари. Јас сум зависник од пари, а за овие настапи ми плаќаат многу. Јас губам милиони долари со откажувањето на моите настапи“ изјавила Карди.

View this post on Instagram

How many times have you listened to PRESS

A post shared by Cardi B (@cardibwrld) on

Неодамна одбила да го откаже настапот во Мемфис, ризикувајќи со своето скокање по сцена да ги упропасти резултатите од липосукцијата која ја направила непосредно пред настапот. На својот Инстаграм профил објавила фотографии на кои е целосно гола

На Карди Би може само да ѝ посакаме колку што може да си биде своја и да се држи до себе. А нејзиното здравје секако дека не смее да “трпи“ заради парите.

Top