По стриптизот на црвениот килим, пејачката сега позира во танга и ги покажа тетоважите

33-годишната Лејди Гага го украде целото внимание на овогодишната Мет Гала, со перформансот во кој за 15 минути се пресоблече 4 пати и на крајот остана само во долна облека, секси хулахопки и вртоглаво високи потпетици.

Но, по стриптизот пред целиот свет, Гага си дала оддишка, се соблекла уште повеќе и останала само во танга гаќички. 

“По долгата недела полна со обврски, време е за домашна забава”, порачала пејачката со фотографија на која позира пред базен, држејќи коктел во едната рака.

 

Иако денес максимално ужива во своето богатство и љубовта која ја стекнала од фановите, Гага има сериозен здравствен проблем. Таа боледува од фибромиалгија, заболување кое се карактеризира со долготрајна болка во зглобовите и мускулите, чувствителност на поединечни точки на телото, како и изразен умор и малаксаност.

Некогаш оваа болест се сметала за ментално нарушување, сè додека не била признаена за “вистинска” пред 15 години од страна на Светската здравствена организација. Таа денес станува сè почесто заболување, се јавува најчесто по 40-тата година и ги погодува жените во над 90% од случаите.

 

Лејди Гага поради болеста во февруари соопшти дека е принудена да откаже 10 закажани концерти.

“Толку сум разорена што не знам како да го опишам тоа. Сè што знам е дека, ако не го направам ова, не стојам зад зборовите и значењето на мојата музика. Мојот медицински тим ја поддржува одлуката да закрепнувам дома. Ги откажуваме последните 10 концерти од мојата турнеја. Го сакам шоуто повеќе од било што, ве сакам вас, но ова е надвор од моја контрола”, напишала тогаш Гага.

За среќа, таа сега изгледа и се чувствува добро.

Top