Каде има најсекси фотографии, а каде најмногу објави од храна? Објавена листа на најпопуларни Инстаграм градови

Градот од кој оваа година се објавени најмногу фотографии е Лондон, на второ место е француската престолнина – Париз, додека на третото место се најде Њујорк.

Кога станува збор за селфијата, најмногу се објавени од Берлин, кој со тоа го симна Лондон од тронот. Листата е направена од страна на сервисот за патување “Hoppa”, а 50-те градови кои најчесто се појавуваат на Инстаграм се рангирани според хаштагови. 

Освен тоа, “Hoppa” направи листа од десет градови во категории на најмногу објавени селфија, фотографии од пејсажи, сексуално сугестивни фотографии, фотографии од храна и фотографии од парови.

Кога станува збор за пејсажите, најмногу фотографии се објавени од Сантијаго, а сексуално сугестивни содржини – очекувано, од Бразил. Најмногу храна се фотографирала во Токио, а паровите објавиле најмногу фотографии од Дубаи. 

Top