Се огласи Дунавка после селфито со Папата

И покрај тоа што главниот фокус на денешниот ден требаше да биде самото доаѓање на Папата Франциск, и настаните поврзани со него, познатата манекенка, Дунавка Трифуновска успеа целото внимание на медиумите да го заврти кон себе.

Имено, денеска главна тема на сите (социјални) медиуми беше неуспешниот обид на Дунавка Трифуновска да се фотографира, односно да направи историско селфи со Папата Франциск.

После неговото заминување, Дунавка конечно се огласи на својот Фејсбук профил и им се обрати на сите оние кои пишуваа и зборуваа за, како што споменавме, нејзиниот обид да направи селфи со папата.

„Мојата хуманитарна работа во животот ме донесе до некои реални животни привилегии“, вели Дунавка.

„Папата ќе ви раскаже како од семејство на сиромашен италијански мигрант во Агрентина, стана еден од највлијателните луѓе во светот..“, е само дел од објавата на Дунавка.

Во продолжение може во целост да ја проследите нејзината објава. 

Top