Претставена новата “Бонд девојка”

Продуцентите на Џејмс Бонд неодамна го најавија почетокот на снимањето на најновиот 25-ти филм за познатиот таен агент кој повторно ќе го игра Даниел Крег. Исто така, беа претставени и новите ѕвезди.

Дознавме дека главниот негативец ќе го толкува Рами Малек кој го прослави улогата на Фреди Меркјури во “Bohemian Rhapsody”, а исто така беше откриено дека новата “Бонд девојка” ќе биде Ана де Армас. 

Нејзините фанови ја дочекале ваквата информација со воодушевување, но имало и такви кои коментирале дека таа е премногу млада за Крег. Сепак, ова нема да биде нивна прва соработка – тие заедно работеа на филмот “Knives Out”.

Ана претходно се појави во филмовите “War Dogs”, “Knock Knock” како и во филмот “Blade Runner 2049” за кој ја доби наградата Сатурн за најдобра споредна улога.

Во филмот ќе се појават и Рејф Фајнс, Наоми Харис, Рори Кинир, Ли Сејдукс, Бен Вишо, Џефри Рајт, Дејвид Денсик, Лашана Линч и многу други.

Top