Глумицата во најпровокативното издание досега

Можеби од една страна и не е толку чудно што една од најсексапилните актерки на денешницата, 33-годишната Амбер Херд се појавила во провокативно издание на црвениот тепих, но стајлингот кој го одбрала за филмскиот фестивал “Tribeca” е навистина една од главните модни теми овие денови.

А сè благодарение на повеќе од смелата чипкаста црна креација која ја потпишува познатиот дизајнер на високата мода, Клаес Иверсен, односно изостанувањето на материјал на стратешки места. 
 

Имено, додека горниот дел ѝ бил закопчан до грло, долниот дел бил изработен од проѕирна тантела во која актерката покажала речиси сè и ништо не оставила на фантазијата.

 

Модната комбинација, Херд ја “зачинила” со мрежести ракавици и црни салонки со златни детали, а модните критичари се согласни дека ова е можеби нејзиното најпровокативно издание на црвениот тепих досега.

 
 
 

 

Top