Роналдо го купи најскапиот автомобил на светот!

Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, станал сопственик на најскапиот автомобил на светот, ремек делото на “Bugatti” – “La Voiture Noire”.

Португалецот за овој “ѕвер” на четири тркала издвоил 16,5 милиони евра. 

“Bugatti” својот нов модел, чие име во превод значи “црн автомобил”, го претстави минатиот месец на салонот за автомобили во Женева по повод 110-годишнината од постоењето.

Од ваквиот автомобил е произведен само еден примерок кој е проценет на 11 милиони евра, но на аукцијата достигнал двојно повисока сума. По еден месец било откриено дека го купил токму познатиот фудбалер Кристијано Роналдо.

Со оглед на фактот дека Роналдо заработува 30 милиони евра годишно, на што се додава и приходот од реклами, јасно e дека износот кој мора да го одвои за ова “Bugatti” не претставува никаков проблем, односно дека овој модел изнесува само две месечни плати на фудбалерот.

“La Voiture Noire” го покренува quad-turbo 8-литарски мотор кој достигнува неверојатни 1500 коњски сили, со шест издувни цевки. Каросеријата е рачно изработена од карбонски влакна, а особено се истакнуваат LED светлата кои за првпат се користени на еден модел на “Bugatti”.

Португалецот во својата гаража има 20-тина скапоцени автомобили, а неодамна се пофалил со новото “милениче” – “Rolls Royce Cullinan”, а најскапиот автомобил кој досега го поседувал е моделот “Chiron” на “Bugatti” кој вреди околу 4 милиони евра.

 

 

Top