Атрактивните манекенки привлекувале големо внимание со голотијата

Изабел Голарт и Бруна Маркезин минатиот викенд се забавувале во Рио де Жанеиро. Раскошниот карневал во Рио веќе со години е познат по голите убавици и гламурозни костими кои можат да се забележат на шарената поворка.

Секоја година карневалот го посетуваат и бројните славни убавици, а помеѓу 70.000 луѓе во арената Самбадром минатиот викенд посебно се истакнале манекенките Изабел Голарт и Бруна Маркезин, која е позната и како поранешната голема љубов на славниот фудбалер Нејмар да Силва Сантос Џуниор. 

Познато е дека ниту една од нив нема проблем со голотијата, ниту за на насловните страни на магазините ниту за на социјалните мрежи, а девојките овој пат посебно внимавале сите очи да бидат вперени во нив.

Така двете се одлучиле за комбинации кои ги откривале нивните гради, а според фотографиите тие и одлично се забавувале.

Овој пат со нив не биле нивните посилни половини. Односно, Изабел минатата година се вери за долгогодишниот партнер, германскиот фудбалер Кевин Трап, додека Бруна е поранешната девојка на бразилскиот фудбалер Нејмар за која сe уште не се знае дали има ново момче.

 
 
 
 
Top