Марадона во четири години добил деца од три различни девојки! Се забавувал со Кастро, но и со кубанските манекенки

"Ќе ги признае кога ќе дојде на Куба. Но, прво мора да направиме ДНК тест", порача Матијас Морла, адвокатот на легендарниот Диего Марадона.

Во периодот од 2000 до 2004 година славниот Армандо живеел тешко и не му било лесно да се одвикне од наркоманското секојдневие. Го прифатил и повикот на својот пријател Фидел Кастро, познатиот кубански диктатор за да се пресели на егзотичниот остров. 

Петнаесет години подоцна дознал дека бројката од пет деца со различни партнерки би можела да биде удвоена.

Изгледа дека Фидел се потрудил на својот гостин да му биде задоволено буквално сѐ, па во тој период, во тие четири години Марадона успеал да направи три деца.

"Прво ќе направиме тестови", повторува неговиот адвокат.

Куба не е далеку од Мексико, каде моментално живее Марадона, а тој повеќе не пружи ниту отпор. Династијата станува сѐ поголема...

Top