Руските амазонки се подготвени на сè! Неодоливи се и кога ќе облечат униформа

Илјадници Русинки стапуваат во војска и своите задачи ги извршуваат на различни терени - од жешките сириски пустини до Антарктикот окован со мраз. Не се сомневајте дека својата работа ја вршат еднакво добро како и мажите.

Овие руски амазонки се подготвени на сите предизвици за да ја совладаат воената професија. Во видео-спотот објавен на Твитер прикажани се згодни и атрактивни девојки, припаднички на руските вооружени сили. 

Тие одлично се снаоѓаат и во најтешки ситуации и задачи. Возат огромни воени оклопни возила, пукаат, пилотираат со воени авиони, а сепак им останува време да се забавуваат со своите колешки - се вели меѓу другото во видеото.

Поврзана слика

Служат во позадина и на линијата на фронтот, во сите гарнизони на земјата. Жените во Русија немаат обврска за служење на воен рок, но многумина служат во војската на основа на договор.

Моментално има повеќе од 326.000 жени ангажирани во руските Вооружени сили.

 

Top