Позната е по порно-снимката на нејзината сестра: Жестоко ја нападнал Кајли Џенер откако стекнала статус на милијардерка

"За мене Кајли Џенер не изгледа воопшто добро", рекол познатиот телевизиски водител.

Славниот британски водител Пирс Морган ја нападнал Кајли Џенер, откако на 21 година од животот официјално добила статус на милијардерка. 

Потсетуваме, ѕвездата на реалното шоу "Keeping Up With The Kardashians", се збогатила благодарение на својот бренд "Kylie Cosmetics". Кајли со тоа влегла во историјата како најмлада милијардерка на сите времиња.

Ова Пирс Морган воопшто не го фасцинирало, туку ја искористил можноста да ја искритикува Џенер.

"За мене Кајли не изгледа воопшто добро. Јас на листата сестри би ја ставил на четврто место. Единствена Кардашиан која е згодна е Кендал, само таа. Ниедна друга не е", рекол Морган и додал:

"Да не едната од нив позната по домашното видео, тие воопшто немаше да бидат познати", навел водителот.

Потсетуваме, Ким Кардашиан станала позната поради порно снимката.

 

 

Top